Генео ПХЦ
ГЕНЕО® сертифициран систем за пасивни куќи ®
Во програмата на прозорски системи достапен е и ГЕНЕО сертифициран систем за пасивни куќи со дополнителна топлинска изолацоја. Со ставање на термомодулите и специјален средишен дихтунг ГЕНЕО системот за пасивни куќи станува сертифицирано решение за прозорци за пасивни куќи. Сите предности како и кај ГЕНЕО остануваат и кај овој систем – и покрај највисоките критериуми за топлинска изолација.
Карактеристики:
- Длабочина на вградување: 86 mm / средишен дихтунг
- Број на комори: 6 комори
- Топлинска изолација: Uf = до 0,79 W/m²K
- Заштеда на енергија: до 76% *
- Материјал: материјал со влакнесто врзување РАУ-ФИПРО®, коекструдиран надворешен слој од високо квалитетен РАУ-ПВЦ за најдобар квалитет на површините
- Звучна изолација: без челично армирање до Rw,P = 47 dB (со застаклување Rw = 50 dB)
- Заштита од провалување: до класа на отпор 3, до класа на отпор 2 без челик
- Пропустливост на воздух: 4 (EN 12207)
- Заштита од поројни дождови: 9A (EN 12208)
Предности:
- Полно армиран прозорски систем без дополнително челично армирање
- Одлична стабилност со високо технолошки материјал РАУ-ФИПРО®, усовршена профилна конструкција и интегриран систем на зајакнување (IVS)
- Тенки рамки 115 мм кои овозможуваат оптимално навлегување на светлина
- Рационално складирање и производство со полно армирање
- Полесно ракување и монтажа заради тежинска предност до 40% наспроти обичните системи на прозорски профили
- Функционални комори за оптимизирање на изолационите карактеристики со термо модули
- Голема длабочина на фалца од 66 мм за изведба на тројно застаклување
- Намален притисок на затворање а со тоа и полесно отварање и затварање со ново развиена геометрија на дихтување
- High Definition Finishing-површина (HDF): висококвалитетна, мазна и лесна за одржување.
- Еколошки производ, а со тоа и можност за рециклирање
- Енергетска ефикасност до совршенство – со ГЕНЕО ПРОГРАМАТА (прозорци, влезни врати, подигачко – клизни врати) добивате одлична изола ција.
Дизајн:
- Реализирање на голем број архитектонски можности преку индивидуални форми, на пр. кружен, триаголен прозорец како и коси и испакнати дизајни за прв пат со полно армирање.
- Разновидни можности на дизајн со различни бои и декор фолии како и со лакирање или алуминиумски обвивки
- Светло сивите дихтунзи ги нагласуваат белите профили а црните дихтунзи ги нагласуваат профилите во боја
- Елегантна оптика преку закосени делови од 20° и 5 мм надворешни агли
- Дополнителни можности со закосеното дизајнирано крило.
На располагање е следниов прибор и дополнителни елементи за ГЕНЕО за пасивни куќи:
- Аголни спојки: Успешно го спречува настанувањето на мувла и кондензација (DIN 4108-2) Аголни спојки за 90° агли и варијабилни агли со внатрешен навој помеѓу 90° и 180°
- РЕХАУ Комфорт- дизајн плус: Системот на ролетни нуди ефективна заштита од светлина и погледи.Достапен е и систем на ролетни со интегриран комарник.