slide3_Y3q50jbsZziIKwdN_1429080231.jpg
 

Изградба и Продажба на Станови

Ликот на зградата сосема точно го прикажува нејзиниот карактер - оптички, функционално и енергетски. Со нашите прозорски и фасадни системи добивате квалитетен бренд и производи со кои желбите на муштериите стануваат реалност.

» повеќе
Изградба
и Продажба
на Станови
slide2_Z3AwuPvSzcs9Sb7r_1429080231.jpg
 

РЕХАУ прозорски системи

Кај природниот циклус на водата ниту една капка не е залудно потрошена. Овој совршен систем е пример за РЕХАУ и за неговиот одржлив менаџмент на вода, кој во сиромашните региони со вода ги обезбедува суштинските ресурси за идните генерации.

» повеќе
ПВЦ
Столарија

Генео

Енергетска ефикасност до совршенство: Полно армиран прозорски профил од високотехнолошки материјал РАУ – ФИПРО ®

ГЕНЕО е енергетски најдобриот прозорски профил кој моментално го има на пазарот со длабочина на вградување 86 mm.

Она што го прави посебен е високотехнолошкиот материјал РАУ - ФИПРО. Тоа е материјал со влакнесто мрежно врзување кој што овозможува голема стабилност на профилот. Во 90 % од примените веќе не се потребни челични армирања како кај другите прозорски профили. На тој начин со ГЕНЕО се добиваат најдобри вредности на топлинска изолација, бидејќи топлинските мостови кои што се создаваат при примена на челик отпаѓаат. Исто така со ГЕНЕО се веќе повеќе од исполнети критериумите кои ги поставува правилникот за заштеда на електрична енергија (EnEV) . Истовремено овој систем нуди оптимални предуслови за дизајн и комфор – без притоа да има компромиси за топлинската изолација.

Карактеристики:

  • Длабочина на вградување: 86 mm / средишен дихтунг
  • Број на комори: 6 комори
  • Топлинска изолација: Uf = до 0,86 W/m²K
  • Заштеда на енергија: до 76% *
  • Материјал: материјал со влакнесто мрежно врзување РАУ-ФИПРО®, коекструдиран надворешен слој од високо квалитетен РАУ-ПВЦ за најдобар квалитет на површините
  • Звучна изолација: без челично армирање до Rw,P = 47 dB (со застаклување Rw = 50 dB)
  • Заштита од провалување: до класа на отпор 3, до класа на отпор 2 без челик
  • Пропустливост на воздух: 4 (EN 12207)
  • Заштита од поројни дождови: 9A (EN 12208)

*Намалување на енергетските загуби на прозорецот со замена на стариот дрвен/пластичен прозорец од 80 те години (Uf = 1,9, Ug = 3,0) со прозорци од ГЕНЕО профили(Uf = 0,86, Ug = 0,5, големина на прозорец123 x 148 cm).

Предности:

  • Полно армиран прозорски систем без дополнително челично армирање
  • Одлична стабилност со високо технолошки материјал РАУ-ФИПРО®, усовршена профилна конструкција и интегриран систем на зајакнување (IVS)
  • Тенки рамки 115 мм кои овозможуваат оптимално навлегување на светлина
  • Рационално складирање и производство со полно армирање
  • Полесно ракување и монтажа заради тежинска предност до 40% наспроти обичните системи на прозорски профили
  • Функционални комори за оптимизирање на изолационите карактеристики со термо модули
  • Голема длабочина на фалца од 66 мм за изведба на тројно застаклување
  • Намален притисок на затворање а со тоа и полесно отварање и затварање со ново развиена геометрија на дихтување
  • High Definition Finishing-површина (HDF): висококвалитетна, мазна и лесна за одржување.
  • Еколошки производ, а со тоа и можност за рециклирање
  • Енергетска ефикасност до совршенство – со ГЕНЕО ПРОГРАМАТА (прозорци, влезни врати, подигачко – клизни врати) добивате одлична изолација.

Дизајн:

  • Реализирање на голем број архитектонски можности преку индивидуални форми, на пр. кружен, триаголен прозорец како и коси и испакнати дизајни за прв пат со полно армирање.
  • Разновидни можности на дизајн со различни бои и декор фолии како и со лакирање или алуминиумски обвивки
  • Светло сивите дихтунзи ги нагласуваат белите профили а црните дихтунзи ги нагласуваат профилите во боја
  • Елегантна оптика преку закосени делови од 20° и 5 мм надворешни агли
  • Дополнителни можности со закосеното дизајнирано крило.

На располагање е следниов прибор и дополнителни елементи за ГЕНЕО:

  • Аголни спојки: Успешно го спречува настанувањето на мувла и кондензација (DIN 4108-2) Аголни спојки за 90° агли и варијабилни агли со внатрешен навој помеѓу 90° и 180°
  • РЕХАУ Комфорт- дизајн плус: Системот на ролетни нуди ефективна заштита од светлина и погледи. Достапен е и систем на ролетни со интегриран комарник.

За нас

ЕЛКОМ е фирма која се занимава со изработка, продажба и вградување на алуминиумска и ПВЦ столарија. Користиме REHAU ПВЦ профили.

Локација

Контактирајте не

ул. “Ленинова” бб,

Струмица, Македонија

тел. 070/347-983

факс. 034 321 031

email. elkomstrumica@gmail.com